Северна Македонија: ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО  

Северна Македонија: ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО  

на територијата на Република Северна Македонија   ЗА ПРОЕКТОТ  Проектот EWI – Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан, којшто е имплементиран од CARE Balkans во соработка со партнерите: [...]

на територијата на Република Северна Македонија  

ЗА ПРОЕКТОТ 

Проектот EWI – Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан, којшто е имплементиран од CARE Balkans во соработка со партнерите: ENECA (Србија), LINK (БиХ), Консалтинг за стратешки развој (Северна Македонија) и Tehnopolis (Црна Гора), со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој (ADA), има цел да ги зајакне и оствари економските права на жените во регионот преку: 

  • Развој и унапредување на одржливи бизниси водени од жени; 
  • Зголемување на вработливоста на жените преку стручни обуки; 
  • Унапредување на институционалните и општествените услови за женско претприемништво; 
  • Јакнење на капацитетите на локалните чинители за родово-сензитивни политики. 

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ? 

Повикот е отворен за жени (постари од 18 години) кои што: 

  • Имаат бизнис идеја и сакаат да започнат сопствен бизнис; 
  • Имаат регистриран бизнис што сакаат да го унапредат; 
  • Подготвени се да регистрираат и водат бизнис; 
  • Подготвени се да учествуваат во обуки, менторство и јавни активности во рамки на проектот; 
  • Своите бизниси ќе ги започнат или веќе ги водат во една од дејностите: производство, услуги или земјоделство. 

Предност имаат жените од маргинализираните и ранливите групи, како што се: жени со попреченост, жени невработени повеќе од една година, припаднички на етнички заедници, самохрани мајки, млади жени до 30 години, жени во повозрасна доба (50+) и жени од рурални средини. 

ВИДОВИ НА ПОДДРШКА ШТО СЕ ДОДЕЛУВААТ 

Во рамките на овој повик, ќе бидат доделени следниве видови на поддршка: 

  • Поддршка за започнување на бизнис (2.500 ЕУР) 
  • Поддршка за унапредување на постоечки бизнис (5.000 ЕУР) 

За учесничките ќе биде организиран циклус на обуки „Започни свој бизнис (за нови бизниси) и „Унапреди го својот бизнис“ (за постоечки бизниси). Обуката вклучува теоретски и практичен дел, а учесничките ќе го добијат потребниот наставен материјал. За време на обуката, секоја учесничка ќе креира сопствен бизнис план за започнување на нов бизнис или за унапредување на постоечки бизнис. 

Услови за учество на обуките: 

• Високо ниво на мотивација за започнување или унапредување на самостоен бизнис 

Способност за аналитичко размислување и дефинирање на јасна бизнис идеја 

По завршувањето на обуката, стручна комисија ќе изврши проценка на најдобрите бизнис идеи/бизнис планови за започнување или унапредување на бизнис, кои ќе добијат поддршка за набавка на опрема и услуги, преку: 

  • Грант средства од 2.500 ЕУР за набавка на основни средства за работа за започнување на нов бизнис; 
  • Грант средства од 5.000 ЕУР за набавка на основни средства за работа за унапредување на постоечки бизнис; 
  • Советодавна и стручна поддршка; 
  • Поддршка при водење на бизнисот. 

Поддржаните бизниси, по добивање на грантот, ќе добијат дополнителна менторска поддршка во специфични области за одржување на успешен бизнис (маркетинг, управување со човечки ресурси, набавки, формирање на цени, поврзување со пазарот, финансиски институции и носители на одлуки). Воедно, тие ќе имаат можност да ја започнат/зголемат нивната видливост и промоција преку проектни активности и мрежи на жени претприемачки. 

______________ 

Во рамките на проектот нема да се набавува ниту доделува: половна опрема, суровини и репроматеријали, како и опрема за трговски објекти – продавници. Исто така, трошоците за регистрација на бизнисот не влегуваат во грантот. 

КАКО ИЗГЛЕДА ПРОЦЕСОТ НА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА? 

  1. Пријава на бизнис идеја преку апликацискиот формулар: МКД Пријавен формулар за женски бизниси
  1. Селекција на кандидатки за учество на задолжителните обуки 
  1. Спроведување на обуките за развој на бизнис план 
  1. Менторство за финализирање на бизнис план 
  1. Завршна селекција и потпишување договори за грант со избраните кориснички 
  1. Реализација на бизнисот (набавка на опрема/услуги) и следење на напредокот. 

Обуките ќе се реализираат во циклуси и групи, зависно од бројот на пријавени кандидатки. Во финалната селекција за добивање финансиска поддршка за започнување и унапредување бизнис ќе бидат вклучени кандидатките кои редовно и активно учествувале на обуките. 

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ? 

Пријавувањето е можно преку пополнување на онлајн формуларот https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeY8sDpUrKiivKCkz_0MIviFFTW9Xc8m5_45ZfKAKggFt2Vfg/viewform?usp=dialog  или со преземање на документите и достава (лично или по пошта) на пополнетите документи за апликација во просториите на една од партнерските организации на наведените адреси:  

📍 Адреси и контакт информации

  1. КОНСАЛТИНГ ЗА СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ ДОО (СДЦ)
    ул. Аминта Трети бр. 16-1/7, Скопје
    тел. +389 2 3119 106; 070 335 513; 071 266 350
    📧 contact@sdc.com.mk 

  1. ЛАГ Агро Лидер
    Ул. Филип Втори 84, Кривогаштани
    или
    Ул. Ѓорѓи Димитров 51, Прилеп
    тел. 078 393 900
    📧 lagagrolider@gmail.com

  1. ХЗ Мајка – Куманово
    Ул. Ѓорче Петров бр.33, Куманово
    тел. 075 205 420; 070 287 681
    📧 info@hzmajka.org.mk; hzmajka92@gmail.com

Со преземање и пополнување на апликациските документи, и нивна достава:

  1. Лично: во просториите на една од партнерските организации (СДЦ, ЛАГ Агро Лидер или ХЗ Мајка)
  2. По пошта: ИСКЛУЧИВО на адресата на СДЦ Консалтинг за стратешки развој

ШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ДОСТАВИ КАКО ДОКУМЕНТАЦИЈА? 

  1. Уредно пополнет и потпишан апликациски формулар и Согласност за обработка на лични податоци 
  1. Фотокопија од лична карта од подносителката на пријавата;  

ИНФО СЕСИИ 

Со цел подобро информирање, ќе бидат организирани информативни сесии во локалните заедници, каде што сите заинтересирани жени ќе можат да добијат детални објаснувања за повикот, критериумите и процесот на селекција. 

Информативните сесии ќе се одржат на следните локации: 

  • Прилеп, градска библиотека „Борка Талески“, 11 септември 2025, 11.00 часот. 
  • Кривогаштани, зграда на Општина Кривогаштани, 12 септември 2025, 12.30 часот. 
  • Градско, зграда на Општина Градско, 16 септември 2025, 11.30 часот. 
  • Крива Паланка, зграда на Општина Крива Паланка, 17 септември 2025, 11.00 часот. 
  • Куманово, Кружна сала на Советот на Општина Куманово (Комитет), 18 и 25 септември 2025, 11.00 часот. 

ДОДАТНИ ИНФОРМАЦИИ И ПОДДРШКА 

За сите прашања и дополнителна поддршка во врска со учеството во програмата и пополнувањето на апликацијата, контактирајте нè на наведените контакти во делот „Како да  се пријавите“. 

Крајниот рок за достава на вашите апликации е 30 септември 2025 година, на полноќ. 

ВЕ ОХРАБРУВАМЕ ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ! 
Проектот поттикнува разновидност и инклузија. Ги повикуваме жените од ранливи и маргинализирани групи да се пријават и да ја искористат можноста за започнување нов или зајакнување на постоечки сопствен бизнис!