Call for geografical indication

Call for geografical indication

П О В И К за доделување на  техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи – трошоци за изработка на елаборати и спецификации за [...]

П О В И К

за доделување на 

техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи – трошоци за изработка на елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет

Скопје 24.11.2021 година

CARE International е федерација на меѓународни невладини организации чија визија е свет на надеж, вклученост и социјална правда, каде што сиромаштијата е надмината и сите луѓе живеат достоинствено и безбедно.

Организацијата ги спроведува своите програми за борба против сиромаштијата и социјалната неправда во повеќе од 100 земји ширум светот. CARE е активна во регионот на Балканот од 1993 година. Со текот на годините, програмата на CARE се прошири од главно итни интервенции преземени во текот на деведесеттите и се разви за да одговори на променливите потреби на ранливото население во регионот.

Нејзината цел на Балканот денес е да обезбеди признавање и исполнување на социјалните, економските и политичките права на ранливите и маргинализираните групи, придонесувајќи за одржлив мир во регионот. Работата на CARE на Балканот се врти околу две програмски стратегии: социјална и економска вклученост и родова еднаквост.

CARE моментално го спроведува проектот „Поддршка за поконкурентно и одржливо земјоделство во Северна Македонија“, финансиран од Државната канцеларија на западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија. Општата цел на проектот е постигнување на поголема одржливост на движењето на земјоделското задруги во Северна Македонија.

I. ПРЕДМЕТ НА ПОВИКОТ

Доделување на техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи односно за покривање на трошоци за изработка на елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКАТА

Корисници на техничката поддршка се група на оператори кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ без разлика на нивниот правен облик или состав.

III. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

За учество во постапката, учесниците на повикот доставуваат предлог за користење на техничка поддршка за трошоци за изработка на елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет (во понатамошниот текст: предлог за користење, кој содржи:

  1. Податоци за предлагачот.
  2. Назив и резиме на предлогот. На не повеќе од една страна да се даде краток опис на постоечката состојба, поставените цели, целни групи, кои се планираните активности, кои се очекуваните резултати и бараниот износ од CARE.
  3. Опис на предлогот (опис на постоечки состојби, поставени цели, целни групи, активности кои ги опфаќа предлогот и очекувани резулатати).
  1. ОПИС НА ПОСТОЕЧКАТА СОСТОЈБА  (да се даде опис на производот за кој се бара заштита на географскиот или традиционален назив, кои се неговите карактеристики, по што квалитетот е уникатен, кој е начинот на производство, дали називот на производот е препознаен и популарен меѓу потрошувачите, кои се моменталните слабости што треба да се надминат,  дали производот е предмет на имитација, злоупотреба на називот итн.) 
  2. ПОСТАВЕНИ ЦЕЛИ (целите треба да се јасно дефинирани, остварливи, мерливи, итн.).
  3. ЦЕЛНИ ГРУПИ (да се идентификуваат целните групи)
    1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ (кои се очекуваните резултати односно што се очекува да се постигне со користењето на техничката поддршка, кои би биле економските, социјалните или еколошките придобивки, каков би бил ефектот врз производителите, потрошувачите, руралната средина итн.)
  4. План на активности со временска рамка за реализација на предлогот по активности и методологија за нивна реализација.
  5. Изјава дека прифатливите трошоци за реализација на активноста не се финансирани од друга институција.
  6. Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија; 
  7. Доказ за поврзаност на производот со географското подрачје (за географска ознака или ознака за потекло) – како доказ може да се користи било каков документ од минатото (извадок од весник, печатена книга, докторски или магистерси труд, документирани истражувања итн.) со кој ќе може да се утврди дека производот односно неговиот назив асоцира на одредено географско потекло или одредено географско подрачје.
  8. Доказ за специфичниот и традиционален карактер на производот (за гарантиран традиционален специјалитет) – како доказ може да се користи било каков документ од минатото (извадок од весник, печатена книга, докторски или магистерси труд, документирани истражувања итн.) со кој ќе може да се утврди дека производот односно неговиот назив асоцира на одредено географско потекло или одредено географско подрачје.
  9. Изјава за бројот на производители кои го произведуваат производот и кои се членови на групата која го поднесува предлогот за користење, количина на годишното производство на производот, дефинираното географско подрачје (за заштитени ознаки за потекло односно за географски ознаки), придобивки кои би ги имал регионот од заштитатана производот и промотивни кативности кои би се спроведувале.

Потребната документација се доставува во оригинален примерок. Сите документи не треба да се постари од шест месеци.

IV. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Предлозите за користење се поднесуваат во рок од 20 дена од денот на објавувањето на повикот, непокасно од 15. декември 2021. година.

Предлогот за користење и другата документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознака „Не отварај“ и „Предлог по овик за техничка поддршка за трошоци за изработка на елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет“ и во средината „CARE Германија е.В Поддружница во Скопје“, улица „Никола Парапунов“ број 41, 1000 Скопје.

Ковертот не треба да содржи никакви други ознаки со кои би можел да се идентификува понудувачот односно испраќачот.

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Комисија формирана од Проектот врши избор на корисници по повикот. Комисијата го врши изборот на апликантот чија пријава ги исполнува формалните барања и критериуми од овој повик. Изборот се врши врз основа на проценка, согласно критериумите за избор и достапните податоци. Избраниот апликант и сите други апликанти ќе бидат известени за резултатите од постапката по електронски пат.

VI. ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ, ВИСИНА И ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Максималниот износ на поддршката изнесува 100% од вредноста на трошоците за изработка на елаборат односно спецификација на производот, лабораториски анализи, истражување на пазар и трошоци за контрола и верификација за соодветност на елаборатот односно спецификацијата со производот.

Висината на одобрената поддршка и обврските на договорните страни ќе бидат дефинирани со склучен договор помеѓу CARE и избраниот корисник.

Корисниците на техничката поддршка треба во рок од десет дена по завршување на активноста да достават извештај за реализираната активност до CARE. Исплатата на техничката поддршка по корисници се врши по доставен извештај за реализираната активност.

VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до CARE на телефон 070/614 719 или на маил care.macedonia@care.org.

DOWNLOAD PDF