жените од западен балкан (ЕWI) \ Results of the call for awarding grants to social
enterprises in North Macedonia within the project Economic Inclusion and Justice for
Women from the Western Balkans (EWI)
Во рамки на проектот „EWI – Економско вклучување и правда за жените од
Западен Балкан“ заврши процесот на селекција за доделување грантови на
правни субјекти коишто работат согласно принципите на социјалното
претприемништво и коишто се водени од жени.
Целта на овој повик беше зајакнување на капацитетите и одржливоста на
избраните социјални претпријатија, како и нивниот придонес кон
вработувањето, социјалната инклузија и одржливиот развој на локалните
заедници.
Врз основа на критериумите дефинирани во повикот, Комисијата за
евалуација изврши бодување на сите пријави поднесени во назначениот рок.
Подолу е прикажана ранг-листата, при што првите две (2) рангирани
организации се стекнуваат право на доделување грант:
- Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес
- Фондација за развој на локалната заедница – Штип
- Центар за хербализам, туризам и одржлив развој БИЛКИЛАЈФ
- Здружение за поддршка и помагање на маргинализираните лица Пинк
Суппорт Крива Паланка - Ателје ИРИНА Ирина СлавчоТошева
- Здружение за Европска Социјална Инклузија ЕСИ НЕЛИС Скопје
- Друштво за услуги ВЕЛВЕТ БЈУТИ Скопје
- Здружение за поттикнување на локален и рурален развој УМА СТО
- Друштво за производство, продажба, промет и услуги ЕСНАФ ХЕНДМЕЈД
- Фондација за лидерство, образовни можности, личен развој и иновации
Л.О.Л.И. Скопје - Здружение на граѓани за заштита на природата и здравјето ВИНОЖИТО
- Абилитис нет
- Здружение за социјални услуги ОРХИДЕА Тетово
- Интеллигент Индoор Фарм Скопје
Апликантите кои не се се стекнуваат со право на грант имаат право на
поднесување приговор. Рокот за поднесување приговор е седум (7) дена од
денот на објавување на оваа вест, 09.2.2026. Приговорите се поднесуваат
исклучиво во писмена форма на следната e-mail адреса: ewi.balkans@care.de.
Проектот EWI – Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан
го имплементира CARE Balkans во партнерство со организациите LINK Мостар,
ENECA, Tehnopolis и Консалтинг за стратешки развој (Strategic Development
Consulting), со поддршка од Австриската развојна агенција (ADA) преку
средствата од Австриската развојна соработка (ADC).