Северна Македонија: Jавен повик за доделување грантови на граѓански организации кои се активни во јакнењето на жените

Северна Македонија: Jавен повик за доделување грантови на граѓански организации кои се активни во јакнењето…

CARE Balkans објавува: ЈАВЕН  ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ АКТИВНИ ВО ЈАКНЕЊЕТО НА ЖЕНИТЕ Повикот е отворен од 31.03.2025 до 17.04.2025 во 23:59 часот. CARE Balkans, во соработка [...]

CARE Balkans објавува:

ЈАВЕН  ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ АКТИВНИ ВО ЈАКНЕЊЕТО НА ЖЕНИТЕ

Повикот е отворен од 31.03.2025 до 17.04.2025 во 23:59 часот.

CARE Balkans, во соработка со партнерски организации од регионот: ENECA (Република Србија), LINK (Босна и Херцеговина), Консалтинг за стратешки развој (Северна Македонија) и Tehnopolis (Црна Гора), го спроведува проектот Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан (EWI), финансиран од Австриската агенција за развој (ADA). Овој тригодишен проект, кој во моментов е во почетна фаза, има за цел да ги зајакне жените од регионот на Западен Балкан и да ги промовира нивните економски права.

Со цел поврзување со локалните заедници и пристап до најранливите жени, проектот ќе воспостави соработка со искусни граѓански организации (ГО) управувани од жени и/или граѓански организации кои активно работат на зајакнување на жените во Северна Македонија.

Целното подрачје на проектот ги опфаќа организациите низ целата држава, каде што е планирано спроведување на проектните активности.

Две одбрани организации ќе добијат можност за зајакнување на капацитетите преку финансиска поддршка од 10.000,00 евра по организација, како и обуки за изградба на капацитети со цел активно учество во проектните активности насочени кон жените.

Заинтересираните граѓански организации треба да ја достават пополнетата апликација заедно со бараната документација најдоцна до 17.04.2025 година до 23:59 часот, исклучиво електронски на следната адреса: ceric@care.de

Во насловот на е-поштата задолжително наведете: Апликација за доделување на грантови – EWI

За сите прашања околу повикот е планирана и онлајн инфо-сесија која ќе се одржи на 07.04.2025 година во 12:00 часот, преку платформата Teams. Заинтересираните ГО треба да се пријават за инфо-сесијата преку следниот линк: Link за пријава.

Врз основа на пријавата, организациите ќе добијат информации за пристап до сесијата преку Teams платформата.

Деталниот повик и формата за апликација се достапни на следниот линк: